Телекомуникациски решенија

Располагаме со голем избор на телекомуникациски решенија за мали и средни претпријатија.

Телекомуникации

Телекомуникациите се составен дел од нашето секојдневие. 

Наша специјалност се PBX системите кои се користат во внатрешна комуникација во компаниите. 

Нудиме PBX централи со разни капацитети и технологии.

PBX централи

Телефонски централи за мали и средни претпријатија.

Микро претпријатија

Телефонски централи со капацитет од 2 до 4 влезни линии и 6 до 16 локали. Влезните линии може да се PSTN или ISDN.

Централите можат да бидат аналогни, дигитални и VoiP. 

Мали претпријатија

Дигитални и VoiP телефонски централи со PSTN, ISDN-BRI и SIP влезни линии и капацитет од 100 до 128 локали.   Овозможуваат приклучување на дигитални и SIP телефонски апарати со екран и програмибилни функционални копчиња.

Средни и големи претпријатија

Дигитални и VoiP телефонски централи со  PSTN, ISDN-BRI и SIP влезни линии со капацитет до над 1000 локали. Локалите може да бидат аналогни, дигитални и SIP. Системите ги поддржуваат сите нај нови функции кои се користат во телефонската комуникација.

VOIP Телефонски централи

Модуларни дигитални телефонски системи, лесно надградливи, со можност за приклучување на SIP влезни лини и VOIP дигитални телефонски апарати.

Микро уреди

Единечни десктоп уреди за микро претпријатија, со интегрирани SIP влезни линии и мрежен приклучок за поврзување со компјутерската мрежа.

Хибридни решенија

VOIP централи со хибридни модули за поврзување на секаков вид на влезни телефонски линии (PSTN, ISDN-BRI и SIP), како и секаков вид на локали (аналогни, дигитални, VOIP) со соодветни телефонски апарати.

VOIP решенија за големи претпријатија

Хибридни дигитални решенија со модуларен пристап за поврзување на повеќе локации преку интернет со универзален план на бирање и нумерација. Ги поседува истите карактеристики како хибридните решенија со вградени модули за IVR, снимање на разговори, контакт центар платформа, хотелско работење.

Panasonic системи

Уште од 1990 вршиме продажба, инсталација и сервисирање на Panasonic телефонските системи.

Интегрирани конфигурации

Продажба, инсталација и одржување на интегрирани Panasonic телефонски централи (TDA 308, 616, 100).

Продажба, монтажа, одржување и поправка на телефонски централи.

Квалитетна и брза услуга со гаранција за извршената работа.

Дигитални системи

Продажба, инсталација и одржување на дигитални модуларни системи со капацитети за средни и големи претпријатија (TDE 600).

Продажба, монтажа, одржување и поправка на телефонски централи.

Квалитетна и брза услуга со гаранција за извршената работа.

Конфигурирање и пре-инсталација

Во можност сме да вршиме конфигурирање на постојни системи, пре-инсталација на постари системи и нивно сервисирање.

Продажба, монтажа, одржување и поправка на телефонски централи.

Квалитетна и брза услуга со гаранција за извршената работа.

Компјутерски и телефонски мрежни инсталации

Вршиме продажба, инсталација и одржување на секаков вид на мрежни инсталации.

Компјутерски мрежи

Изведба на компјутерски мрежи (Cat5e, Cat6) со интегрирани мрежни ормари и опрема, завршни приклучници и ПВЦ канали.

Телефонски инсталации

Изведна и одржување на нови и постојни телефонски инсталации, вклучувајќи Crone реглети. Реаранжирање на постојни инсталации или дислокација на целосен телефонски систем или замена со нов.

Мрежни уреди

Продажба и инсталација на мрежни хардверски уреди (switch, рутери, firewall, безжични пристапни точки.