Електронски склоп за управување со мaшина за полнење на течности.

Електронски склоп

Прикажаните слики претставуваат електронски склоп кои управува со автоматска машина за полнење на течност. Со поставување на шишето се притиска педала за старт, машината односно вентилот влегува во шишето и започнува полнењето. После некое време вентилот се искачува нагоре. Кога шишето ќе се наполни до одредена количина полнењето престанува и кога вентилот ќе излезе од шишето се исклучува. 

Овој уред е програмабилен каде што се програмира кога вентилот ќе почне да се движи нагоре и стопирање на полнење кога ќе дојде програмираната количина на течност. 

Во машината има 2 сензора од кои едниот е за да ја определи долната граница на движење на вентилот, а вториот е за горната граница.