Електронски склоп за управување со боилер и светло во купатила.

Боилер и светла

Овој електронски склоп е наменет за вклучување и исклучување на боилерот и светлата во купатилата. Управувањето е преку wifi мрежа од  smart телефон и може да биде во локална мрежа или од било каде преку интернет. Вградувањето е многу едноставно. Се вградува во постоечката дозна каде што се вградува обичниот преклопник за палење и гасење. 

На самиот капак има копчиња или touch сензори за рачно управување со боилерот и светлата. 

Напојувањето е директно од електро мрежа 220-240V. Приклучокот за боилер може да се оптерети до 20А. Приклучокот за светлото до 100W.