Управување со Smart телефони и паметни куќи
Решенија за управување со Smart телефони преку WIFI во локална мрежа и преку интернет
Управување со Smart телефони и паметни куќи
Развојот на безжичната комуникација од ден на ден се повеќе се применува во секојдневието. Ние сме влезени во развој и примена на безжичната комуникација преку smart телефоните за управување со разни уреди кои се користат во секојдневното живеење.


Нудиме поединечни решенија како што се:
– Контрола на отварање и затварање на врати,
– Контрола и регулација на светла,
– Контрола и управување со клима уреди, контрола на температура и влажност на простории,
-Контрола на дигање и спуштање на ролетни, и др.
Исто така нудиме проектирање и изведба на целосно управување со уредите во вашите домови, канцеларии, викендици, и др.
Управувањето се врши преку WIFI комуникација во локална мрежа и преку интернет.
Секогаш сме подготвени да ги слушнеме вашите потреби и да ви дадеме совет и решение.